Јуве следната сезона ни Европа нема да ја види!

1365

И натаму веста која ги преокупира сите во Италија е што со Јувентус, во однос на тоа дека овој клуб правел финансиски малверзации а под лупа во последните денови е и трансферот на Роналдо, односно како се исплаќал Португалецот додека беше во клубот од Торино.

Денеска од Јувентус и официјално излегоа со соопштение во кое се потврдува дека тие се под истрага. Дека постојат повеќе варијанти за тоа како може да се извлечат или да бидат казнети.

Во случај и официјално да се најде вина во Јувентус, тогаш “Старата дама“ од Торино ќе мора да се соочи со страшни последици. Тоа го признаваат и самите во клубот. Имено Јуве како прво би бил преселен во Серија Б. Потоа ќе му се одземе последната титула од сезоната 2019/2020 а воедно и ќе му се забрани настап во Европа, односно во Лигата на Шампионите. Лигата на Европа или Конференциската лига за следната сезона. Што секако дека тоа ќе биде уште еден голем удар за Јувентус од финансиски аспект.

Во секој случај останува прво да се почека да заврши истрагата а потоа и на одлуката на судот во Италија.

ПретходноБез драми во Битола, Е. Пелистер фуриозно против Тиквеш
СледноОфицијално: Милан без Кјаер најмалку шест месеци!