Лапорта ќе го продаде името на „Камп Ноу“ за 30 милиони евра годишно

373

Претседателот на Барселона,  Жоан Лапорта, изјави дека клубот е во тесни преговори за продажба на името на стадионот „Камп Ноу“. Според него во моментов има најмалку 5 понуди.

„Сакаме да добиваме од 30 до 40 милиони евра годишно. Тоа се договори кои обично се потпишуваат на 10-15 години“, вели Лапорта.

Тој исто така најави дека би сакале до крајот на годината или почетокот на 2022 година да потпишат нов спонзорски договор со Најк, но исто така и со Ракутен кој се наоѓа на дресовите на клубот, а чиј договор е пред завршување.

ПретходноОфицијално: Милан без Кјаер најмалку шест месеци!
СледноМеталург не запира, ги „расчисти“ и прилепчани