Металур фати залет. Откако го победи Пролет и го принуди да го смени тренерот, вечерва „расчисти“ уште еден стар должник. Тимот од Автокоманда на домашен терен го совлада Прилеп со убедливи 35-27 во рамките на 13.коло во Супер-лигата.
За избраниците на Иван Марковски ова беше шеста победа, важна во битката за местата кои водат во плеј-офот.
Ракометарите на Металург доминираа во рекот на целиот натпревар, поведоа со 4-1, па дојдоа на плус четири (10-6), најголемата позитива во овој дел беше пет гола (13-8). На одморот предноста беше четири гола (17-13).
Прилепчани не успеаја да се вратат, негативата растеше. Озтурк, Костадинов, Хорват, Петковски и Лазаревски беа нерешлива енигма за противникот, не дозволија дуелот да има поинаков тек. Во последните три минути Металург поведе со 34-24.
Озтур имаше осум гола, Лазаревски седум, Хорват шест, додека Петковски и Костадинов запишаа по пет гола. На другата страна Милошески постигна 12 гола, премлку за победа.