Европскиот шампион Челзи годината ќе ја заврши со еден реално голем проблем – потпишувањето нови договори со актуелните првотимци. Во медиумите со месеци се пишува за проблемот со германскиот репрезентативец Антонио Ридигер чиј договор завршува на крајот на сеозната, а фудбалерот, засега, е многу далеку од потпишување нов.
Тоа практично значи дека од 1 јануари Ридигер може слободно да си преговара со сите заинтересирани клубови кои во јуни можат да го добијат „за џабе“. Но, проблемот на Челзи и Тухел не е само Ридигер.
Уште тројца од фудбалерите во централната линија во одбраната имаат договори кои завршуваат на крајот на сезоната и ниту еден нема потпишано нов. Тоа се Тиаго Силва, Сезар Аспиликуета, како и Андреас Кристенсен.
Ако раководството на Челзи не успее да ги убеди да стават и формално потпис на нова соработка и ова трио заедно со Ридигер од Нова година ќе може да преговара со други клубови за заминување во јуни.
📜 Contract Expiry: Chelsea’s centre-backs
Antonio Rudiger – 𝟮𝟬𝟮𝟮
Andreas Christensen – 𝟮𝟬𝟮𝟮
Thiago Silva – 𝟮𝟬𝟮𝟮
Cesar Azpilicueta – 𝟮𝟬𝟮𝟮
Malang Sarr – 2025
Trevoh Chalobah – 2026😬 May they live to regret letting Tomori and Zouma leave permanently? 👇
— WhoScored.com (@WhoScored) December 3, 2021