Foto> Twitter/International Champions Cup
Атлетико Минеиро е новиот шампион на Бразил! Три кола пред крајот на Серија А, црно-белите ја заверија титулата и тоа по драматичен меч против Баија. Ова е прва нивна титула по 1971. година. Таа всушност им беше единствената до сега. Сега повторно се на тронот на Бразил. Црно-белите предводени од своите ѕвезди Хулк и Диего Коста станаа шампиони по победата над Баија со 3:2 иако до 66. минута губеа со 2:0.
Јунакот за Минеиро беше Кено кој го постигна вториот и третиот гол во 74. и 77. минута. А се започна во 73. минута кога Хулк со гол од пенал намали на 2:1.
Хулк стигна до 18 голови и ќе биде најдобар стрелец во лигата, притоа има и осум асистенции. Атлетико Минеиро до сега освои 81 бод, односно 11 повеќе од вториот Фламенго.
🚒 #BicaBicampeão! 🔥 pic.twitter.com/oSNZDRn2EU
— Atlético 😷 (@Atletico) December 3, 2021
🥲 O BELL AVISOU: PODE CHORAR! 🎶
🏆🏆 #BicaBiCAMpeão pic.twitter.com/lrRwPCRYEP
— Atlético 😷 (@Atletico) December 3, 2021