Тиквеш за првпат во историјата на клубот ќе оди на подготовки во Анталија!

1555

Како што веќе ја информиравме јавноста минатата недела, во наредните денови, поточно оваа зима, ќе се случуваат убави работи во Тиквеш, во гордоста на спортско Кавадарци. Имено во клубот влегува моќен странски спонзор со голем капитал и од Тиквеш посакува да направи клуб кој ќе биде еден од водечките во Македонија.

Како прво новиот спонзор инсистирал најголем или главниот дел од зимските подготовки да се одвива во Анталија, во познатиот спортско – туристички центар во Турција. Тоа ќе биде за првпат во клупската историја Тиквеш да оди во Анталија, познат е и датумот кога се оди, тој е 20 јануари

Инаку во недела, во меч од 16.коло во ПМФЛ, четата на стратегот Влатко Костов ќе ги одмери силите со Струга Трим Лум на нејзин терен. Кавадарчани не сакаат ништо да препуштат на случајот, па затоа веднаш по утрешниот тренинг тие патуваат во Струга каде во еден од тамошните хотели ќе бидат во карантин до неделниот дуел со стружани.

ПретходноБотев Враца со специјално признание за Македонецот Бабунски!
СледноПеп е воодушевен од Влаховиќ, го сака уште во јануари во Сити!