Бетис го освои „Ноу Камп“, Барселона тоне ли тоне (ВИДЕО)

182

Ако некој помисли дека со доаѓањето на Чави на клупата на Барселона барем резултатските проблеми на Ноу Камп ќе бидат минато, тогаш истиот не бил во право.
Не само што истите не се минато, туку се реалност и сегашност.

Предмалку Барселона на домашен терен со 0:1, загуби од тимот на Бетис, со единствениот гол на Хуанми. Барселона како и обично сезонава не заслужи да победи, одигра бледо, анемично и без волја особено во последните половина час, а и во последните десетина минути кога имаше негатива.

Бетис има одличен старт на сезонава, и три победи во серија, па автоматски 30. освоени бодови во моментов го ставаат на третата позиција на табелата со 16. одиграни мечеви.

Барселона пак очајна седма со 23 бода од 15 меча.

ПретходноОриги е спасителот на Ливерпул (ВИДЕО)
СледноРакип: Навивачите ме соблекоа речиси гол, но така се слави титула (ВИДЕО)