По завршувањето на шампионатот во Финска, а во кој нејзиниот тим на КУПС заврши на самиот врв на табелата, Македонската фудбалска интернационалка и репрезентативка Гентјана Рочи е прогласена за најдобар играч. Освен тоа, прогласена е и за најдобар стрелец секако со 25. постигнати голови, и најдобро оценет играч односно со најмногу звезди.
„Секако дека сум презадоволна од наградите и од уште една одлично одиграна сезона. Се надевам дека следната година ќе биде уште поуспешна за мене и за мојот тим. ВО КУПС останувам уште една година затоа што има договор“ – ни изјави Гентјана Рочи.