Добра вест за Македонија: УЕФА го менува квалификацискиот систем за СП

10945

Европската фудбалска федерација одлучи да го промени системот на квалификации за Светско првенство во женска конкуренција. На овој потег УЕФА се одлучи по бројните нестварни резултати во претходниот период, како и големите разлики меќу националните тимови. Меѓу нив е македонската женска фудбалска репрезентација која забележа убедливи порази.

Најголемите и најубедливи победи ги запишаа Англија која ја совлада Летонија со 20-0, додека Белгија беше подобра од Ерменија со 19-0.

„Знаеме дека никој не сака да види вакви резултати. Ваквите работи не се добри за развој на женскиот фудбал, ниту за малите, ниту за големите земји. Ќе го промениме системот за квалификации од 2023 година“, изјави Надине Кеслер, шефот на женскиот фудбал во УЕФА.

Се уште не е познато каков систем ќе се користи во иднина.

„Разгледуваме различни формати на натпреварувања. Се обидуваме да го најдеме најдоброто решение, имаме бројни опции со кои ќе ја намалиме разлика меѓу тимовите“, додаде Кеслер.

ПретходноГолден Стејт го сопре „залетаниот“ Феникс, Лејкерси паднаа на првата градска пресметка (ВИДЕО)
СледноРаботнички против Ренова бара по секоја цена прекин на црната серија!