Победа остана без тренер, Дарко Крстески поднесе оставка

725

По денешниот пораз од тимот на Слога Виница на домашен терен од 1:2, досегашниот тренер на тимот на Победа Прилеп, Дарко Крстески си поднесе оставка.

„По двата последни лоши резултати и поразите од Саса и Слога ја преземам одговорноста врз себе. На ФК Победа и посакувам успех во продолжение на сезоната во Втората лига-Исток и остварување на зацртаната цел-пласман во Првата лига“- кратко изјави Крстески.

Од друга страна пак ФК Победа јавно му се заблагодарува на Крстески за неговиот несебичен ангажман како прв тренер на сениорскиот тим и му посакува успех во натамошната тренерска кариера
ПретходноВардар 1961 фуриозно низ Радовиш, Пролет „живна“
СледноЏексон го „затрупа“ Кожув со 41 поен, Работнички по пресврт до убедлива победа (ФОТО)