Ердал Ракип и неговиот тим Малме се шампиони на Шведска по 25. пат во историјата. Денеска по трилер завршницата на годинешниот шампионат, и ремито 0:0 проти Халмштад на домашен терен Малме конечно можеше да здивне и со 59. освоени бодови да го крене пехарот.
Нашиот репрезентативец е староседелец во овој тим, тука му е домот, што се вели. Има освоено 6 титули со клубот, факт што не може секој да го понесе во своето портфолио.
„Лудница. Навивачите ме соблекоа речиси гол, но така се слави титула. Морав ненадејно да влезам во игра, едноставно ме повикаа без загревање што се вели. Убаво е да се слави титула на домашен терен поради сите овие навивачи кои направија прекрасна атмосфера“ – изјави Ракип по мечот.