Драган Бајиќ, предводникот на нашиот национален тим, со својата Игокеа испуштија голема шанса да го урнат Партизан на домашен терен. Иако имаа позитива од 14 поени во третата четвртина и плус десет во последната, на крајот беа поразени со 68-70 во рамките на 10. коло во АБА-лига.
За Бајиќ и неговиот тим ова беше петти пораз, со исто толку победи се наоѓаат на петото место на табелата во јадранското друштво.
Игокеа во последниот период дојде на 63-63, но гостите со серија од 10-0 израмнија на 63-63 на нецели три минути до крајот. На 14 секунди, Трифуновиќ од линијата за слободни фрлања ги постави конечните 68-70, на другата страна Волер не успеа да погодоци.