На денешниот тренинг на тимот на Динамо Загреб, пред утрешното големо дерби на Хрватскиот шамионат против Хајдук, се појави навивачката група „Бед Блу Бојс“. Најверните навивачи на „Модрите“ одржаа кратог говор пред екипата и стручниот штаб и порачаа дека утре мора да се оди со сите сили и да се освојат три бода против лутиот ривал.
Нашите репрезентативци Аријан Адеми односно Стефан Ристовски секако дека се битни за тимот, особено по смената на тренерот Крзнар кој по поразот од Ријека во купот си замина од Максимир. Сега Динамо е во специфична фаза, со нов тренер ќе оди на утрешното дерби и со евентуален триумф ќе се вратат нештата на свое место.