Ако некој помисли дека со доаѓањето на Чави на клупата на Барселона барем резултатските проблеми на Ноу Камп ќе бидат минато, тогаш истиот не бил во право.
Не само што истите не се минато, туку се реалност и сегашност.
Предмалку Барселона на домашен терен со 0:1, загуби од тимот на Бетис, со единствениот гол на Хуанми. Барселона како и обично сезонава не заслужи да победи, одигра бледо, анемично и без волја особено во последните половина час, а и во последните десетина минути кога имаше негатива.
Бетис има одличен старт на сезонава, и три победи во серија, па автоматски 30. освоени бодови во моментов го ставаат на третата позиција на табелата со 16. одиграни мечеви.
Барселона пак очајна седма со 23 бода од 15 меча.