ВМФЛ- ЗАПАД: Воска посакува триумф и против Силекс, Вардар ќе ги “лечи раните“ со Велешта…

351

За денеска од 13 часот закажани се сите пет натпревари од 13.коло во ПМФЛ – ЗАПАД. Секако дека дербито со игра во Охрид,каде домашната Воска Спорт го дочекува Силекс. Се среќаваат вториот и првиот на табелата и затоа ова е големо дерби. Воска Спорт охрабрена по триумфот над Вардар, посакува да го “урне“ и вториот гигант, тимот на Силекс кој досега во изминатите 12 кола нема пораз. Единаесет победи и само едно реми. Во секој случај очекуваме супер интересен дуел меѓу две квалитетни екипи.

Вардар по двата порази едноподруго од Силекс и Воска Спорт, едноставно мора по секоја цена да дојде до трите бода против Велешта. Токму денеска вардарци ќе ги “лечат раните“ од двата порази на дерби мечевите. Се освен победа ќе биде рамно на катастрофа за момците на Никола Глигоров.

На останатите средби се среќаваат Кораби – Беса, Гостивар – Кадино и Тетекс – Охрид.

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

ВАРДАР –ВЕЛЕШТА

КОРАБИ – БЕСА

ГОСТИВАР – КАДИНО

ТЕТЕКС – ОХРИД

ТАБЕЛА

1.СИЛЕКС 34

2.ВОСКА 25

3.ВАРДАР 20

4.ТЕТЕКС 17

5.КОРАБИ 16

6.ГОСТИВАР 14

7.ВЕЛЕШТА 14

8.ОХРИД 10

9.БЕСА 10

10.КАДИНО 6

ПретходноРаботнички против Ренова бара по секоја цена прекин на црната серија!
СледноКид го критикуваше Дончиќ по поразот од Пеликанс!