Гентјана Рочи „растура“ во Финска, најдобар играч и најдобар голгетер

398

По завршувањето на шампионатот во Финска, а во кој нејзиниот тим на КУПС заврши на самиот врв на табелата, Македонската фудбалска интернационалка и репрезентативка Гентјана Рочи е прогласена за најдобар играч. Освен тоа, прогласена е и за најдобар стрелец секако со 25. постигнати голови, и најдобро оценет играч односно со најмногу звезди.

„Секако дека сум презадоволна од наградите и од уште една одлично одиграна сезона. Се надевам дека следната година ќе биде уште поуспешна за мене и за мојот тим. ВО КУПС останувам уште една година затоа што има договор“ – ни изјави Гентјана Рочи.

 

ПретходноПелистер моќно до „девет од девет“, Еуро Никел лесно со „штркчињата“
СледноХамилтон со пол – позицијата во Џеда, Верстапен на стотина метри пред целта се удри во оградата!