Голден Стејт го сопре „залетаниот“ Феникс, Лејкерси паднаа на првата градска пресметка (ВИДЕО)

989

Голден Стејт три дена по поразот од Феникс, успеаја да му се реваншираат го совладаа 118-96 и ставија крај на нивната серија од 18 победи по ред. Со овој триумф, Вориорс се зацврстија на првото место на табелата во Западната конференција, имаат скор од 19-3, додека пак Санси имаат пораз повеќе.

Стеф Кари со 23 поени, пет скока и пет асистенции го преводеше својот тим, на другата страна Ајтон имаше исто толку поени, шест скока и две асистенции.

Првото овосезонско дербито на ЛА им припадна на Клиперси, со 115-119 ги совладаа Лејкерси, нанесувајќи им го 12 пораз. Двата тима водат „мртва“ трка за место во првите шест екипи на Западот.

Морис со 21 поен го предводеше својот тим до победа, на другата страна не помогнаа ниту 50 поени на Дејвис и Леброн, кој имаа дабл-дабл учинок.

Индијана Пејсерс – Мајами Хит 104:113
Вашингтон Визардс – Кливленд Кавалирс 101:116
Атланта Хокс – Филаделфија 96:98
Бруклин Нетс – Минесота 110:105
Хјустон Рокетс – Орландо Меџик 118:116
Далас Маверикс – Њу Орлеанс Пеликанс 91:107
Јута Џез – Бостон Селтикс 137:130
Голден Стејт Вориорс – Феникс Санс 118:96
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 115:119

ПретходноПорто, Спортинг, ЦСКА Софија, Бетис…добија забрана за настап во УЕФА натпреварувањата!
СледноДобра вест за Македонија: УЕФА го менува квалификацискиот систем за СП