“Граѓаните“ со триумф кај Ватфорд, сега тие се лидери во Премиер – лигата!

79

Рутинска, но важна, многу важна победа на Манчестер Сити вечерва на гости кај Ватфорд со 1:3 во меч од 15.коло во Премиер – лигата. Со овие три бода а по киксот на Челзи, сега “граѓаните“ се лидери на табелата и тоа пред Ливерпул и Челзи.

Вообичаено и на овиој меч Сити доминираше, имаше посед на топката, а во водство дојде во 4.минута со голот на Стерлинг. Во 31.минута Бернардо Силва зголеми на 0:2, и тука се виде кој ќе победи на овој меч. Во 63.минута Бернардо Силва погоди за 0:3, а до крајот домашните само го намалија резултатот на 1:3.

ПретходноДа се знае кој е кој: Лева “царуваше“ на Дер Класикер, Баерн избега на +4!
СледноБутел го доби дербито со битолчани, Охрид со Струга