ЗАПАД: Воска и Силекс одиграа без голови, Вардар ја “демолираше“ Велешта (ВИДЕО)

911

Во големото дерби во 13.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, кое се одигра попладнево во Охрид, Воска Спорт и Силекс одиграа без голови 0:0. Мрежите мируваа, иако се играше со нагласена желба за триумф. Со ова кратовци и натаму се без пораз сезонава, а Воска Спорт не успеа после Вардар го земе “скалпот“ и на уште “тешкаш“ што се вели. Сепак со ова реми охриѓани и натаму имаат предност пред третопласираниот Вардар од три бода.

Вардар пак ја “демолираше“ Велешта и тоа со 4:0. Многу рано беше речен овој меч, Филип Петковски во 14.минута веќе имаше два постигнати гола. Следуваа головите на Блажевски и одново на Филип Петковски.

Беса со 0:3 успеа да го победи Кораби на негов терен, додека Гостивар минимално, со 1:0 славеше над Кадино.

Тетекс водеше се до 88.минута со 1:0 против Охрид, но гостите преку Цуцули израмнија од пенал за конечни 1:1.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 13.КОЛО

ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 0:0

ВАРДАР – ВЕЛЕШТА 4:0

КОРАБИ – БЕСА 0:3

ГОСТИВАР – КАДИНО 1:0

ТЕТЕКС – ОХРИД 1:1

ТАБЕЛА: Силекс 35, Воска 26, Вардар 23, Тетекс 18, Гостивар 17, Кораби 16, Велешта 14, Беса 13, Охрид 11, Кадино 6…

ПретходноПМФЛ: Работнички со Ренова не победи, но барем ја прекина серијата порази…
СледноПрекрасен гол на новиот репрезентативец Етеми (видео)