Тимот на Интер предмалку славеше на гостувањето кај Рома во Рим со високи и убелдиви 0:3, во меч кој требаше да биде дерби но беше се само не тоа.
Гостите водеа со 0:3 уште по првите 45. минути имаа огромно водство, надмоќна игра, и со ништо не покажаа дека денеска планираат да му дадат нешто на противникот напротив. Чалханоглу погоди уште во 15. минута, а потоа на огромно задоволство на навивачите на Интер, Един Џеко, кому целиот стадион му негодуваше при секој допир со топката погоди за 0:2. Бозанецот не славеше, затоа што Рома е негов поранешен клуб. До полувреме погоди уште и Дамфрис, по што јасно беше се на овој меч.
Во вториот дел Интер рутински го приведе мечот до крај не дозволувајќи никави компликации пред неговиот гол.