Супер победа за Слога Виница среде Прилеп, и тоа со 1:2. Одлична игра на момците на Никола Кузманов,па така сега виничани не само што го задржаа лидерското место во ВМФЛ – ИСТОК туку и ја зголеми предноста во однос на конкурентите, а прилепчани паднаа на третата позиција. Митров и Димитров стрелаа за гостите, додека Анѓелески во финишот успеа само да го намали резултатот.
Нема што, Слога не се шегува, мириса ли на Прва лига во Виница.
Саса на гости славаше кај Детонит и сега е на втората позиција на табелата, додека Кит Го во Штип, со 2:1 го совлада Братство. Беласива одново негативно изненади, одигра само 1:1 против Кожуф. И во последниот меч, ТИМ Локомотива и Осогово одиграа 1:1.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 13.КОЛО
КИТ ГО – БРАТСТВО 2:1
БЕЛАСИЦА – КОЖУФ 1:1
ДЕТОНИТ – САСА 1:3
ПОБЕДА – СЛОГА (В) 1:2
ТИМ ЛОКОМОТИВА – ОСОГОВО 1:1
ТАБЕЛА
Слога (В) 31, Саса 27, Победа 26, Беласица 24, Кит Го 19, Осогово 18, Детонит 14, Кожуф 14, ТИМ Локомотива 6, Братство 4…