Солидна, добра игра, во поголем дел од мечот и квалитетна, и тоа над нашиот прволигашки просек, но бадијала, голови немаше на мечот попладнево на Арената меѓу Работнички и Ренова. Секако дека нема задоволни, и на двата тима им беа потребни трите бода, посебно на домашните кои ја прекинаа серијата порази, но гол за нив е мисловна именка. Имено четири меча во низа не знаат да ја погодат противничката мрежа.