Победа со брза реакција: Капинковски на местото на Крстески!

884

Димитар Капинковски ќе биде новиот тренер на Победа и тоа на местото на Дарко Крстески кој денеска по поразот од Слога Виница, во дербито за лидерската позиција во ВМФЛ – ИСТОК, си поднесе оставка.

Па така раководството на прилепчани, откако ја прифати оставката на Крстески, успеа да се договори со Капинковски токму тој да биде стратегот на тимот.

Инаку Капинковски до пред некоја недела беше шеф на струката во Пелистер. Но откако клубот западна во големи проблеми тој си замина и го остави тимот на битолчани “закован“ на последното место табелата во ПМФЛ.

Победа и прилепчани веруваат дека Капинковски е тренерот кој ќе ги врати во елитната лига на Македонија.

ПретходноБајиќ и Игокеа имаа позитива од 14 поени, па изгубија од Партизан
СледноЈокиќ си поигруваше со “Никси“ среде Њујорк!