Синоќа УЕФА објави дека најмалку осум клубови добиле забрана за настап на нејзините натпреварувања во една од следните три сезоно. Тоа се Порто, Спортинг, Санта Клара (Португалија), Бетис (Шпанија), Астана (Казахстан),ЦФР Клуж (Романија),Монс Калпе (Гирбралтар), ЦСКА Софија (Бугарија). Сите тие го прекршиле финансискиот фер- плеј, односно навреме не ги исплатиле доспеаните долгови. Засега тие имаат забрана за настап во УЕФА натпреварите за една од следните три сезони, но ако до 31 јануари 2022 година си ги исполнат обврските, забраната автоматски им се укинува. Исто така тие се казнети и со парични казни, кои изнесуваат од 75.000 до 300.000 евра.
АЕК (Грција) ја избегна оваа казна, но затоа ќе мора да плати 1,5 милиони евра.