Одлична, магична партија на Никола Јокиќ кој речиси сам му го донесе триумфот на Денвер Нагетс на гости кај “Никси“ во “Медисон Сквер Гарден“. Гостите вечерва победија со 99:113, а Србинот овој натпревар го заврши со 32 поени, 11 скокови и 5 асистенции.
Јокиќ блескаше на овој НБА натпревар уште од самиот старт. Погодуваше, асистираше, просто си поигруваше со домашните кошаркари. Интересно некои од асистенциите ги подели и без гледање што се вели. Кога дојде до 32 поени и кога натпреварот беше одлучен, тренерот на “Нагетси“ реши да го седне на клупата, немаше веќе потреба Јокиќ и натаму да игра.