Џексон го „затрупа“ Кожув со 41 поен, Работнички по пресврт до убедлива победа (ФОТО)

153

Работнички им се врати на победите по поразот од Пелистер во минатото коло. Избраниците на Тони Симиќ одиграа добар натпревар, покажаа дека полека влегуваат во форма, покажаа дека можат да се вратат и кога имаат и двоцифрена негатива.

Најтрофејниот кошаркарски колектив сето ова го демонстрираше на дело против Кожув кого го совлада со убедливи 100-85 за шеста победа оваа сезона. На другата страна серијата од четири триумфи на гевгеличани заврши токму во Скопје.

По релативно изедначената прва четвртина 23-24, гостите влегоа во силен ритам во вториот период, во кој се искачија на плус 15 (36-51), на одморот заминаа со водство од 42-53.

Работнички предводен од Пол Џексон и неговите 41 поен, во продолжение се врати на голема врата, во второто полувреме беше подобар со 59-32. На другата страна гевгеличани не најдоа начин како да се вратат.

Покрај Џексон, добра игра прикажа Мустафица со 21 поен и 11 скока. Вилијамс и Симоновски со 42 поени беа најефикасни кај Кожув.

ПретходноПобеда остана без тренер, Дарко Крстески поднесе оставка
СледноИнтер и одржа лекција на Рома среде Рим (ВИДЕО)