Вардар 1961 фуриозно низ Радовиш, Пролет „живна“

169

Вардар 1961 продолжи во победнички ритам во Супер-лигата. Актуелниот македонски првак на гостувањето кај Радовиш немаш никаков проблем, славеше со 20-37 за 12. победа оваа сезона.

Добра вест за Веселин Вујовиќ пред дуелот со ППД Загреб е кам-бекот на Анте Гаџа во составот, кој поради вироза не отпатува во Кил. Токму тој со седум гола беше прв стрелец, зад него беше Тимур Дибиров со шест погодоци, Филип Талески запиша еден гол помалку. Трајчевски и Постолов имаа по пет гола кај домашниот тим.

Вардар имаше предност од 11-14 по првото полувреме, по одморот одигра уште подобро во нападот и одбраната и без проблем го заврши овој меч.

Т.Пролет конечно „живна“. Тимот од Кисела Вода поради лошите партии мораше да се раздели со Андон Бошковски, а враќањето на победничките патеки го стори на сметка на Скопје, го совлада со 34-26.

За Пролет ова беше осма победа, додека Скопје пак го запиша 13 пораз. Џонов имаше девет голови кај победник, кај гостите, Киселовски реализираше седум погодоци.

ПретходноХамилтон со пол – позицијата во Џеда, Верстапен на стотина метри пред целта се удри во оградата!
СледноПобеда остана без тренер, Дарко Крстески поднесе оставка