Роберт Левандовски – и се е кажано. Напаѓачот на Баерн вечерва во Дер Класикер на гости кај Борусија Дортмунд, на најдобар начин покажа дека сепак требало него да му припадне “Златната топка“. Два гола им даде да домашните, „царуваше“ на “Сигнал Идуна Парк“ во победата на Баерн од 2:3. Па така сега “баварците“ имаат +4 бода на лидерската позиција во однос на Дортмунд по 14.коло во Бундес – Лигата.
Видовме уште еден одличен меч, како што само може да одиграат двата најдобри германски клубови.
Бранд во 5.минута донесе водство на домашните за 1:0. Веќе во 9.минута Лева погоди за израмнување. Во 44.минута Коман ја тресе домашната мрежа за 1:2, со тој резултат се замина на пауза.
Халан врати за 2:2 во 48.минута, само што започна второто полувреме.
Во 77.минута од пенал Левандовски носи водство на Баерн Минхен. Во тие моменти домашниот тренер Марко Розе реагираше и доби исклучување. ВАР пресуди пенал за “баварците“. Настана мала мешаница па така второто полувреме беше продолжено за цели 10 минути.
До крајот останаа сепак тие 2:3 за Баерн Минхен.