Европа го одбра Левандовски, но остатокот од светот ја направи разликата

185

И натаму во центарот на вниманието е „Златната топка“ која во понеделникот му припадна на Лионел Меси. Додека во јавноста и натаму не стивнуваат критиките и повеќетo сметаат дека оваа награда требаше да му припадне на Роберт Левандовски, во јавноста изглегоа гласовите од новинарите.

Европа гласаше за полскиот напаѓач, но остатокот од светот пресуди за крајниот избор. Европските новинари му дале 198 бодови на Лева, додека 151 на Меси, но новинарите од остатокот од светот на Лео му доделиле 462 бода, на Лева 382. Тука е направена разликата.

И самиот аргентински фудбалер на свечената церемонија му порача на Левандовски дека требаше да ја добие „Златната топка“ за 2020 година, која не се доделуваше поради Ковид-19.

„Роберт, мислам дека ја заслужуваш „Златната топка 2020“, која требаше да ти ја додели „Франс Фудбал“. Соте знаеме дека тоа го заслужуваш. Според мене таа награда мора да има свој дом“, изјави Аргентинецот.

ПретходноАгуеро за првпат се огласи по срцевата аритмија
СледноКожув го предизвикува Работнички!