Далас беше убедливо поразен од Њу Орлеанс со 107-91. Пеликанс кои се едни од најслабите тимови во Западната конференција приредија вистинско изненадување против Маверикс.
Иако голем дел од кошаркарите на Далас имаа лоша вечер, сепак на прво место беше Лука Дончиќ. Словенецот дојде до стандардните бројки, 21 поен, 10 скока и 7 асистенции, но имаше крајно слаба шутерска вечер. Имаше 7/20, ги промаши сите шест обиди за три поени, а зад своето име запиша седум загубени топки.
Покрај ова, тој постојано имаше приговори кон судиите, наместо да се враќа во одбраната, според тренерот на Далас, Џејсон Кид имаше лоша навика.
„Би сакал повеќе да играме пет на пет. Судиите немаат навика да ја сопрат играта за да ја променат својата одлука. Треба да бидете свесни дека има период од мечот кога времето е сопрено и тогаш можете да разговарате со судиите. Додека се игра, транзицијата е една од работите кои мора да ја поправиме. Но, доколку се жалиме на судиите додека топката е „жива“, тоа ќе ни донесе штета. Мораме да научиме кога е време за разговор со судиите“, изјави Кид и додаде:
„Колективно, како тим, не само Лука“.
Дончиќ машки ја прифати критиката по мечот.
„Тренерот е во право, морам да престанам со тоа“.
Далас со скор од 11-10 го држи петото место на Западот.