Напаѓачот Данте Ванзер има 23 години и игра во белгиската лига. Дури доби и повик од селекторот Роберто Мартинез да игра за белгиската репрезентација. Неговиот клуб е Унион Сен Жил и сезонава во белгиско друштво постигнал 11 голови на 16 натпревари и притоа има шест асистенции.
Сега е цел на Јирген Клип и на Ливерпул.
Минатата сезона Ванзер го привлече вниманието со настапите во втората лига. Неговиот ефект беше 30 голови на 27 натпревари, а тогаш многумина го споредуваа со Луис Суарез.
Неговиот матичен клуб е Генк, меѓутоа клубот не му дозволи да ги искаже своите квалитети во целост. По две позајмици во 2020 година пристигна во тогашниот второлигаш Унион. Сега игра и во првата лига. Има еден настап за Белгија, против Велс во квалификациски меч за СП 2022.
Унион го купи за 1 милион евра, а сега неговата вредност е пет пати поголема. Ливерпул во него гледа брз напаѓач со одлично чувство за реализација.
Со оглед на големиот број на напаѓачи во своите редови, ќе видиме дали Ванзер ќе се одлучи да дојде на „Енфилд“ затоа што ќе треба да се бори за минути. Инаку тој има договор со Унион до јуни 2024 година.