По денешниот пораз од тимот на Слога Виница на домашен терен од 1:2, досегашниот тренер на тимот на Победа Прилеп, Дарко Крстески си поднесе оставка.
„По двата последни лоши резултати и поразите од Саса и Слога ја преземам одговорноста врз себе. На ФК Победа и посакувам успех во продолжение на сезоната во Втората лига-Исток и остварување на зацртаната цел-пласман во Првата лига“- кратко изјави Крстески.
Од друга страна пак ФК Победа јавно му се заблагодарува на Крстески за неговиот несебичен ангажман како прв тренер на сениорскиот тим и му посакува успех во натамошната тренерска кариера