Фантастичен гол постигна новиот македонски репрезентативец Валон Етеми во дресот на Истанбулспор. Интернационалецот и неговиот тим гостуваа кај Ерзурум во 15. коло од втората турска лига и изгубија со 3:1. Етеми го доведе Истанбулспор во водство, а потоа домашните направија пресврт.
Истанбулспор е на 7. место на табелата, а Ерзурум е лидер.