Работнички и Ренова со денешниот меч од 13 часот го “отвараат“ 16.коло во ПМФЛ, кое е закажано за викендов. Сите останати мечеви се играат утре, исто од 13 часот.
Гостувањето на Ренова во Скопје доаѓа во тежок момент за клубот од Градски парк. Имено Работнички е во црна серија од три порази по ред, на кои нема постигнато ниту еден гол. На последните осум меча има само една побед, едно реми и шест порази, и само два постигнати голови.
Токму затоа “романтичарите“ се решени токму денеска и тоа против силниот тим на Ренова да се вратат на победничките патеки. Инаку и “гипсарите“ покажаа дека имаат свои слабости, го паметиме поразот од А. Пандев минатата сабота со 1:2, во меч кој беше веројатно најдобриот кој се одиграл оваа есен во ПМФЛ.
Кога сме кај традицијата, таа е на страната на Работнички. Досега овие две екипи одиграле вкупно 60 натпревари, на нив Работничкиима 24 победи, 22 меча завршиле без победник а Ренова победила на 14.
Инаку главен судија на овој меч ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
ФОТО: FK Rabotnicki FB