Реал победи на гостувањето кај Сосиедад, но го загуби Бензема!

341

Се чини дека Реал Мадрид и дефинитивно чекори кон нова титула во Ла Лига. Вечерва во Сан Себстијан, на гостувањето на Реал Сосиедад, тимот од Мадрид успеа да ги освои сите три бода и со тоа уште повеќе да се зацврсти на лидерската позиција на табелата. Па така сега четата на Карло Анчелоти има 8 бодови предност пред Севилја и меч повеќе, пред Бетис разликата е 9 бодови.

Стрелци на головите кај победничката екипа беа Винисиус во 47.минута по асистенцијата на Лука Јовиќ. Десет минути подоцна Србинот стрелаше во мрежата на домашните за заверка на победата на својот тим од 0:2 на ова гостување.

Сепак треба да се каже дека и покрај овие бодови остануваат главоболките кај Анчелоти. Имено неговиот тим победи, но тој го загуби Бензема. Најдобриот фудбалер на “кралевите“ во 17.минута се повреди, па место него мораше да влезе Јовиќ кој одлично си ја заврши работата.

Претходно„Ѕвездите“ на ПСЖ во 90+2. минута се спасија од срам на гостувањето кај Ленс!
СледноЧикаго го доби дербито на истокот (ВИДЕО)