Лидерот во англиската Премиер лига Челзи го загуби дуелот со Вест Хем во 15. коло на Премиер лигата. „Сините“ како гости два пати водеа со 0:1 и 1:2, а потоа остана без бодови.
Прво на асистенција на Маунт, дефанзивецот Тијаго Силва погоди, а во 40. минута изедначи Ланцини со гол од пенал. Четири минути подоцна Мејсон Маунт ја затресе мрежата на домашниот голман Фабијански.
Во вториот дел Џаред Боувен со својот прв гол донесе реми за Вест Хем, а во финишот Масуаку погоди за победа од 3:2.
Вест Хем има осум победи и е на четвртото место на табелата со 27 бода, а лидер е Челзи кој има два порази и 33 бода, сега еден повеќе од вториот Сити и два повеќе од третиот Ливерпул кои имаат меч помалку.