Њукасл му нуди фантастичен договор за фудбалер на Манчестер Јунајтед

445

Последнопласираниот во Премиер лигата Њукасл во јануари ќе се обиде да ја реконструира екипата со цел да тргне напред и да се спаси од преселба во понизок ранг. Клубот од неодамна доби сопственици од Саудиска Арабија и се очекува да добие одлични играчи и да атакува на врвот во англискиот фудбал.

Веќе подолго време се шпекулира околу можните засилувања, но засега нема ништо конкретно. Единствено што беше јасно е тренерската смена, а Еди Хоув е новиот менаџер.

Според англиските медиуми цел на Њукасл е фудбалерот на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард. Повремениот англиски репрезентативец не може да се надева на голема минутажа на „Олд Трафорд“, па се поизвесно е неговото засминување. Вест Хем се интересира за него, но Њукасл е подготвен да го направи најплатен фудбалер во овој клуб.

Договорот на Лингард со Јунајтед истекува во јуни, па веројатно и на „Олд Трафорд“ ќе прифатат трансфер со помала отштета.

Неофицијално Њукасл за Лингард нуди фантастичен договор. Доколку дојде тој би бил подобро платен од Мигел Алмирон, кој неделно заработува 100.000 фунти, а со тоа ќе има многу „потежок“ договор од актуелниот со Јунајтед.

ПретходноПолувреме: Јанков го чува Работнички, Ренова поконкретна и со повеќе шанси!
СледноАлкалоид убедлив против Македонија ЃП и стигна до десеттата победа