Атанасов подобар од Адеми и Ристовски во големото хрватско дерби

553

Екипата на Хајдук со 2:0 славеше на гостувањето кај Динамо Загреб во меч од 18. коло во најсилната хрватска лига. Головите паднаа во второто полувреме, Марко Ливаја го доведе сплитскиот тим во предност, а во судиското продолжение албанскиот интернационалец Емир Спахити ја запечати победата.

За Динамо од првата минута играше капитенот Аријан Адеми, а од 46. минута на терен излезе и Стефан Ристовски. Кај Хајдук во стартниот тим  беше Јани Атанасов кој играше до 81. минута.

Хајдук е трет со 33 бода по 17. кола, а Динамо е веднаш зад нив со 31 бод.

ПретходноДоминација на aвстриските скокачи на „Малинка“
СледноПочина српскиот кошаркар Јеловац како последица на мозочен удар