Бугарски прволигаш нуди 100.000 евра за Дориан Бабунски!

402

Со оглед на тоа дека игра во одлична форма во дресот на Ботев Враца, и тоа како се нижат понудите за неговите услуги од останатите клубови во елитната лига на Бугарија за нашиот репрезентативец Дориан Бабунски.

Имено пред некој ден се шпекулираше дека за неговите услуги биле заинтересирани гигантите Левски Софија и ЦСКА Софија, но немаше ништо конкретно. Сепак денеска, како што известуваат медиумите во Бугарија, информациите од ЦСКА 1948 велат дека овој тим има намера да даде 100.000 евра со цел да го откупи Македонецот од Ботев Враца.

Како што се знае амбициите на нашиот репрезентативец се во јануари или во јуни, да замине од Бугарија во некој друга посилна европска лига.

Како што игра секако дека понудите за Бабунски ќе се множат.

ПретходноСтрумичанки славеа против шампионот Јанта Волеј КВ
СледноНеверојатно: За осум минути „пиратите“ добија два црвени!