Актуелниот шампион по елиминација во Купот денеска го дочекува тимот на Пелистер во меч од 16.коло во ПМФЛ. Повеќе од јасно е дека за брза рехабилитација пред мечот на есенскиот дел со Шкупи во среда, Шкендија денеска мора да го победи Пелистер и да докаже дека тетовци се квалитетен тим. Се освен победа и три бода ќе биде рамно на катастрофа за Шкендија.
Голманот на тетовци Костадин Захов пред овој меч со битолчани изјави…
„Несомнено дека сме фаворити на дуелот со Пелистер. Сепак Шкендија не смее да помисли дека со тимот од Битола ќе биде лесно. Овој натпревар и дефинитивно треба да го добиеме бидејќи сега сиот наш фокус ќе биде кон првенството. Имаме квалитет, затоа верувам дека од дуелот со Пелистер ќе излеземе со три бода“ заврши Захов.