Леванте никако да победи, Барди играше во второто полувреме

125

Екипата на Леванте и по 16. кола се уште нема триумф во шпанската Ла Лига. И покрај тренерската смена, тимот си тера по старо. Денеска не ја победи ни Осасуна. Па Леванте е закован на дното на табелата со 8 бодови од 8 нерешени натпревари.

Македонскиот интернационалец Енис Барди влезе во игра во 67. минута на местото на Пепелу. Во истата минута влезе и ветеранот Роберто Солдадо. Но ниту тој ниту шпанскиот напаѓач не ги донесе првите три бода за Леванте.Идното коло Леванте ќе му гостува на Еспањол.

ПретходноТриумф на Крамер во Лилехамер и прво место во генералниот пласман
СледноХамилтон победник во ХАОСОТ во Џеда!