ПМФЛ: “Пандевци“ и се “острат“ на Брегалница, лидерот на Автокоманда…

211

 

Денеска од 13 часот на програмата се пет натпревари од 16.коло во ПМФЛ. Вчера на Арената во Скопје домашниот Работнички против Ренова одигра 0:0.

Рано попладнево се очекуваа големи возбудувања, посебно во Струмица каде А. Пандев која игра во одлична форма во последно време, ќе бара нов триумф и тоа на мечот со Брегалница. Штипјани се во шок по елиминацијата од Купот во Кратово, а денеска ги чека тешка задача во Струмица. Инаку ова е дерби на Истокот и предизвикува големо внимание.

Шкупи, тимот кој е лидер на табелата, ќе им гостува на „пиратите“. Ретко кој може да се надева дека ќе има сигурни бодови од Автокоманда. Чаирчани ќе мора добро да запнат, да одиграат најдобро што можат за да дојдат до целта.

Струга ТЛ и Тиквеш ќе ги одмерат силите во Струга, а Македонија ЃП ако ја потврди добрата форма не би требало да има проблеми во Велес, против тимот на Борец.

Додека во Тетово од домашната Шкендија се очекува голеада против Пелистер.

 

ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ

А.ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ШКЕНДИЈА –ПЕЛИСТЕР

СКОПЈЕ – ШКУПИ

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0:0

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 35

2.А.ПАНДЕВ 31

3.ШКЕНДИЈА 27

4.РЕНОВА 26 (+1)

5.БРЕГАЛНИЦА 25

6.СТРУГА ТЛ 22

7.МАКЕДОНИЈА ЃП 20

8.РАБОТНИЧКИ 19 (+1)

9.СКОПЈЕ 17

10.ТИКВЕШ 13

11.БОРЕЦ 8

12.ПЕЛИСТЕР 5

ПретходноЗахов: Шкендија не смее да помисли дека со Пелистер ќе биде лесно!
СледноЗајков: Среќен сум за првиот гол, но најбитно е да се одбраниме (ВИДЕО)