Почина српскиот кошаркар Јеловац како последица на мозочен удар

424

FOTO> Eurohoops

Кошаркарот на АЕК, Стеван Јеловац почина на 32 години како последица на мозочен удар кој го доживеа на 14 ноември. Српскиот кошаркар беше хоспитализиран во болница во Атина, а по неколку денови транспортиран во болница во Србија каде и починал.

По две неделна пауза поради повреда на зглобот, тој се врати на тренинзи и за време на индивидуален тренинг му се слошило. Тој итно бил пренесен во болница каде е потврдено дека имал срцев удар.

Јеловац е роден во Белград, во кариерата играл за Мега Визура, Црвена Звезда, турските Анталија и Газијантеп, рускиот Нижни Новгород, германски Бамберг, Литвос Ритас од Литванија, шпанска Сарагоса…

Во 2021 година стана член на АЕК.

ПретходноАтанасов подобар од Адеми и Ристовски во големото хрватско дерби
СледноMилинковиќ-Савиќ и Имобиле ја „уништија“ Сампдорија (видео)