РБ Лајпциг му врачи отказ на Џеси Марш

176

РБ Лајпциг утрово објави дека му врачи отказ на тренерот Џеси Марш. Двете страни го раскинаа договорот со взаемна согласност, информираа од клубот.

Под водство на 48-годишниот американски стручњак, Лајпциг „киксна“ во првата полусезона во Бундеслигата. „Биковите“ имаат само 18 бодови и го заземаат 11-тото место на табелата во германскиот шампионат.

Претходно медиумите објавија дека нов тренер на Лајпциг може да стане екс-тренерот на Спартак (М), Доменико Тедеско.

ПретходноЗајков: Среќен сум за првиот гол, но најбитно е да се одбраниме (ВИДЕО)
Следно„Олд Трафорд“ го пречекува новиот менаџер: Рангник дебитира на клупата на Манчестер Ј.