Ако немаше којзнае колку голови, девет на петте мечеви попладнево во 16.коло во ПМФЛ, тогаш имаше и тоа колку црвени картони. Вистинско “црвенило“, дури шест црвени, значи во просек и повеќе од еден црвен картон на секој натпревар.
Од екипата на Скопје на мечот со Шкупи исклучени беа Запата и Најдоски. Во Струмица каде играат А. Пандев и Брегалница исклучени беа Бихорац кај домашните и Додев кај гостите. Во Тетово каде домашната Шкендија славеше против Пелистер црвен заработи гостинскиот фудалер Бошковски, и во Велес, каде се сретнаа Борец и Македонија ЃП, мечот предвреме го напушти Ермедин Адеми.
Значи само во Струга, каде играа Струга ТЛ и Тиквеш немаше црвени картони.