Јоветиќ со два гола обезбеди бод за Херта на „Мерцедес арена“ (видео)

116

Напаѓачот на Херта, Стеван Јоветиќ блескаше на мечот со Штутгарт во 14. коло на Бундес лигата. Херта на „Мерцедес арена“ во Штутгарт губеше со 2:0, но благодарение на црногорскиот напаѓач кој постигна два гола стигна до бод – 2:2.

Стрелци за Штутгарт беа Мармуш во 15. и Форстер во 19. минута.

Херта стигна до третото реми сезонава и има 15 бода, додека Штутгарт е под неа со бод помалку.

ПретходноДобра вест пред ЕП: Миркуловски се врати!
СледноШто се случува во Менхенгладбах? По првото полувреме Фрајбург води со 0:6!