Вардар ниже победи, Струмица незадржлива на врвот

175

Одбојкарите на Вардар продолжуваат со победничката низа во Првата одбојкарска лига за мажи. Во викенд возбудувањата од 11. коло, „црвено-црните“ со максимални 3:0 го добија дуелот со Дибра Волеј и продолжија да се искачуваат на првенствената табела.

Таму на врвот се уште неприкосновен е шампионот Струмица 47&72, кој не знае за пораз откако ги доби и мечот со Штуп од ова тековно коло, но неколку дена претходно и заостанатиот меч од 10. коло против Лирија. И двата меча шампионот ги реши со максимален резултат.

За утре е закажан и последниот меч од тековното коло меѓу екипите на Лирија и Универзитет во Тетово, кој впрочем треба да биде и дерби на ова 11. коло.

Прва лига (мажи), 11 коло:

Весна Пробиштип – Јанта Волеј 3:0 (25:16, 25:20, 25:23)

Македонија Џио – Шкендија 0:3 (12:25, 12:25, 13:25)

Вардар – Дибра Волеј 3:0 (25:14, 25:14, 25:11)

Штип – Струмица 47&72 0:3 (15:25, 14:25, 11:25)

Лирија – Универзитет во Тетово (понеделник – 19.30 ч.)

Претходно“Шверцери“ надвор од стадионот навиваат за Шкупи! (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Јуфо ја “скина“ мрежата на Шкендија, два црвени во Струмица,1:1 на Автокоманда!