Добра вест пред ЕП: Миркуловски се врати!

180

Еден од најискусните македонски репрезентативци, Филип Миркуловски се врати на терените по повредата. Тој беше во составот на Вецлар на денешната средба против Мелсунген, неговиот тим на домашен терен славеше со 31-28.

Миркуловски имаше еден неуспешен обид кон противничкиот гол.
Ова беше осма победа за Вецлар со едно реми и шест порази се наоѓа на петото место на табелата.

Уште еден наш репрезентативец денеска играше. Филип Кузмановски и Хановер на домашен терен одиграа добар натпревар, против Н-Либек славеа со 22-21.

Кузмановски пружи одлична партија беше стрелец на четири гола од пет обиди.

Хановер дојде до важни бодови, се наоѓа на 13 место на табелата со пет победи и седум порази.

ПретходноСкандалозен меч во Колумбија, Квадрадо го нарече „срам за колумбискиот фудбал“… (видео)
СледноЈоветиќ со два гола обезбеди бод за Херта на „Мерцедес арена“ (видео)