МЗТ Скопје е класа за ТФТ (ФОТО)

220

МЗТ Скопје продолжи во победнички ритам во Првата лига, на гости кај ТФТ славеше со 82-90 во рамките на деветото коло.

Ова беше осма победа во низа за “сино-белите”, на другата страна тимот од Тафталиџе го запиша третиот пораз во низа.

Дамјан Стојановски со 20 поени беше прв стрелец, зад него беше Рикиќ со дабл-дабл од 19 поени и 13 скока. Кај ТФТ, 22 поени имаше Хортон, Маслинко застана на 18 поени и 8 скока.

Актуелниот македонски првак во финишот на првата четвртина го урна отпорот на противникот, при 18-20 со серија од 10-0 на стартот на вториот период поведе со 18-30.

Кошаркарите на МЗТ Скопје не застанаа, разнишаната одбрана на ТФТ добро ја пробиваа, во овој дел највисоката предност беше плус 22 (29-51).

На почетокот, на третата четвртина МЗТ Скопје поведе и со плус 23. Но, во овој дел ТФТ беше подобар, гостите влегоа во серија на промашувања. Домаќинот успеа да ја преполови негативата намали на 56-66 и ја врати надежта. Маслинко беше еден од лидерите во редовите на ТФТ.

Тимот од Тафталиџе со серија од 6-0 конечно спушти на 64-73 по две минути игра во последната четвртина. Домаќинот при 69-77 промаши тројка за да дојде на минус пет и целосна драма. Следеше казна, МЗТ со пет поени зголеми на 69-82.

ТФТ се обиде со пресинг по целиот терен да притисне, но немаше среќа, не ги користеше чистите позиции.

Дамјан Стојановски со три поени го врати двоцифрените 76-87. Дејвис по тројката на Николов врати на ист начин за мирна завршница.

ПретходноБејтулаи: На полувреме анализиравме и потоа победивме
СледноДоминација на aвстриските скокачи на „Малинка“