Францускиот интернационалец кој се уште не дебитирал оваа сезона во дресот на Барселона, Самјуел Умтити, ќе биде најверојатната алтернатива за повредениот Симон Кјаер во екипата на Милан. Како што пишуваат италијанските новинари, „росонерите“ веќе одлучиле да разговараат со Каталонците, но и лично со фудбалерот за да ги убедат во негова преселна на „Сан Сиро“ во јануари.
Опцијата Умтити да се пресели во Милан се отвори откако Кјаер во петокот беше подложен на артроскопија на лигаментите на коленото, повреда која ќе го оддалечи од терените неколку месеци.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, побарал да се доведе засилување за централната бековска линија, а дефанзивецот на „блауграна“ е една од најреалните опциите на која размислуваат Малдини, Газидис и нивните соработници.